По претставувањето на кандидатите и долготрајното тестирање, познат е Автомобилот на Годината во Македонија за оваа година, а тоа е токму Kia Rio!
На почетокот на Јануари и официјално ги дознавме кандидатите за автомобил на годината во Македонија. Ја имавме и можноста заедно со жирито да се дружиме со нив и да ги испробаме во различни услови – случување кое беше одлично прифатено и од останатите автомобилски новинари во нашата земја. Денес, по долготрајното тестирање и гласањето од страна на членовите од жирито, можеме со задоволство да објавиме дека Автомобил на Годината во Македонија за 2012-та година е Kia Rio.
Дополнително, со награда за SUV на годината се закити и SSangYong Korando. Оваа награда за прв пат се доделува оваа година и се надеваме дека ќе продолжи да се доделува и понатаму.
Колку за потсетување, кандидатите кои се бореа за титулата оваа година беа:
- Citroen C4
- Audi Q3
- Mercedes B
- Hyundai Elantra
- Kia Rio
- Chevrolet Aveo
- SsangYong Korando
- Toyota Yaris
- Suzuki Swift
Им честитаме на победниците за освоените награди и им посакуваме многу успех во наредната година.