Претставен Passat Alltrack – off-road верзија на Германската лимузина! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен Passat Alltrack – off-road верзија на Германската лимузина!

Volkswagen го прикажа Passat Alltrack – кој слично на Allroad моделите на Audi треба да понуди off-road способности на германската лимузина.

Кои се разликите?

Веќе вообичаените детали кои сме ги виделе и кај други вакви верзии. Дополнителна заштита одоздола, платични додатоци околу целиот автомобил, ситни визуелни промени на браниците и повисока суспензија – за корисни 30 милиметри.

Дали ќе можам да се искачам на планина?

Сеуште не знаеме, но погонот на сите четири тркала може да испрати и до 90% од силата на задните тркала доколку е потребно. Повисоката суспензија сигурно ќе помогне и на планина и во градски услови по нашите улици преполни дупки. Но сепак, ова  не е возило за на Дакар, туку попрактична верзија на веќе докажан автомобил.

А моторите?

Моторите се веќе видени од гамата на Volkswagen групацијата. Очекувајте ги вообичаените TSI бензински мотори со 160 или 210 коњски сили, или TDI дизелските мотори со 140 и 170 коњски сили. Кај најсилните модели Alltrack системот за погон на сите четири тркала  ќе биде стандарден и ќе бидат достапни и со DSG менувачот со двојна спојка. Најавената потрошувачка кај дизелите е 5.7 и 5.8 литри на 100 километри, соодветно на избраниот модел.

Колку ќе ме чини ова задоволство?

Цените во Македонија и Европа сеуште не се познати, но според тоа што го објави Volkswagen, ќе ги знаеме кога ќе почне продажбата кон почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.