Понекогаш налудничавите експерименти знаат навистина да не израдуваат. Што мислите за Nissan Juke со механика од моќниот GTR? Интересно, нели?
Долго време го следевме развојот на Nissan Juke R, и конечно е пред нас. Да се нарече дизајнот на Juke специфичен е потценување на неговата уникатност, но за механиката на GTR можеме да зборуваме само со суперлативи. Така е и сега – опремен со 3.8 литарскиот би-турбо мотор од GTR, Juke може да се пофали со погон на сите четири тркала, 480 коњски сили и перформанси кои сеуште не се познати. Задните седишта се извадени, и ставен е заштитен кафез, а од надвор се направени многу визуелни измени кои ви даваат на знаење дека ова не е обичен Juke.
Интересно е да се напомене дека ќе бидат направени два примерока од овој чуден хибрид, и тоа еден со волан од левата, а друг со волан од десната страна.
Но во меѓувреме, уживајте во видеата и во галеријата!